Во интервју за британски Би-Би-Си, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека никој не може да го натера да се вакцинира и дека е подготвен да жртвува трофеи, доколку вакцината е услов за учество на турнири.
Амол Рајан, новинарот кој го направи овој свет ексклузивен со Ѓоковиќ, остана шокиран по децидниот одговор на Новак на крајно незгодно прашање.
Рајан: Дали сте подготвени да се откажете од можноста да станете најдобриот тенисер кој некогаш зел рекет, статистички? Затоа што имате толку силни чувства за тоа?
Новак: Да.
Рајан: Ако тоа значи дека ќе го пропуштите Ролан Гарос, Вимблдон… Дали е тоа цената што сте спремни да ја платите?
Новак: Да, јас сум подготвен да ја платам таа цена.
Рајан: Зошто Новаце, зошто?!
Новак: Принципот дека јас одлучувам за моето тело е поважен од било што друго.






