На социјалните мрежи се појави видео, кое го објавува Алмакос, на кое се гледа како лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со срце и душа му пее на злогласниот диктатор Енвер Хоџа.
Енвер Хоџа четири децении владееше со Албанија која за тој период стана една од најизолираните земји каде граѓаните немаа никакви човечки права.
Под негова власта во Албанија биле убиени, раселени или затворени десетици илјади луѓе поради што Енвер Хоџа се смета за еден од најозлогласените диктатори на светот.
Во својата рана политичка кариера Ахмети бил марксист-ленинист односно со слична идеологија како и Хоџа кој со Албанија владеел до 1985 година.
За видеото на Алмакос кликнете на овој линк







