Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски беше гостин во вестите на ТВ21 каде најави дека доколку не се прифати предлогот за минимална плата в четврток на седница во Влада ќе има протести низ цела држава.
-Повеќе од сигурно ќе очекувате бидејќи ние немаме назад каде да одиме, толку сме притиснати од луѓето, од членството, работниците да нема што ние да попуштаме или да преговараме за понизок износ. Она што ќе го видите од четврток натаму ќе биде токму тоа – блокирање на фабрики, институции, улици и.т.н“, порача Пешевски.
Тој истакна дека не се постигнало договор за минимална плата од 18 илјади поради неусогласеност за сумата.
-Она што го бараме како претставници на Сојузот на синдикати на Македонија не е ни помалку, ни повеќе туку она што беше ветено од претставниците на власта пред празниците. Помина Нова година, работниците не добија на сметка 18 илјади денари туку продолжија да работат за 15.200 денари, вели Пешевски.






