Бизнисменот Велија Рамковски најавува враќање на телевизијата А1 во етерот.
Тој во видео обраќање до гледачите на телевизијата најави нејзино повторно емитување најпрвин како онлајн телевизија, со можно враќање на малите екрани.
А1-телевизија првиот сигнал во телевизијата го добила на 22 јануари 1993 година, а национална концесија добила во 2001 година. А1-телевизија пред нејзиното затварање беше една од најгледаните телевизии во Република Македонија. Во 2012 година започна со работа и интернет верзијата на А1, А1он.мк
Сопственикот на А1 телевизија и уште неколку негови соработници во исто време се во притвор поради основано сомнение за кривично дело, затајување на данок.
По повеќе од 18 години најстарата, приватна телевизија престана да емитува програма на 31 јули 2011 год. поради одлука на АЕК. Директорот на АЕК донел решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејќи компанијата А1 телевизија ДООЕЛ – Скопје има отворено стечајна постапка.






