Хрватската планинска спасувачка служба соопшти дека утрово е завршена една од најтешките спасувачки операции што ги организирала и дека е спасен повреден планинар кој се лизна по падина од 150 метри на највисокиот врв Велебит (Вагански врв).
Во акцијата учествувале 27 спасувачи од Госпиќ, Задар, Сплит и Истра, пренесува Dalmatia Today. Повредениот планинар бил на многу непристапен терен, а акцијата за спасување траела речиси девет часа.
Спасувачите објавија и детал кој ги воодушеви. Имено, неговото куче се лизнало по падината со планинарот. Тој не бил повреден и се свиткал покрај планинарот, греејќи го со телото цели 13 часа.





