На 10 декември започнува да се украсува градот Скопје за Нова година. На мојот повик до компаниите да покажат корпоративна општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза се јавија претпријатија заинтересирани да помогнат. Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а Линк Медиа најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без фискални импликации по градот. Град Скопје и Линк Медиа спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во месец октомври оваа година – вели Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје во деншното видео обраќање.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






