Владо Бучковски кого владата минатата година го назначи за специјален претставник за Бугарија, доби уште еден мандат.
Тоа беше одлучено на вчерашната владина седница на предлог на Комисијата за именување.
Неговото назначување дојде во период кога македонската влада преговара со Бугарија за изнаоѓање решение да се тргне блокадата за датумот за почеток на преговори со Европската Унија.
Бучковски во последното негово појавување во јавноста пред неколку дена, изјави дека мора да се биде претпазлив кога се подгреваат очекувањата на јавноста во однос на можноста за деблокада на пристапниот процес на земјава во ЕУ веќе во декември.
Инаку Бучковски беше убеден дека ќе се најде решение до крајот на оваа година и често го спомнува патоказот кој се уште македонските граѓани не знаат што содржи, но и го користи терминот заедничка историја, и покрај фактот што за Бугарија тој термин означува македонска историја во склоп на бугарската.
„Заедничката историја не може да ја смениме ниту јас, ниту Захариева, но можеме да ги промениме работите за посилна соработка во инфраструктурата, во образованието, културата и во зближување на дватаа народа и тоа искрено ќе го правиме“, рече тој на средба со поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.






