Заврши една од најтешките години од здравствен аспект, но се чини дека нема крај на лудостите. Ако пандемијата од коронавирусот беше една од работите кои ја одбележа 2020 година, тогаш сигурно таа година ќе биде запаметена и по популарната песна Jerusalema и по предизвиците кои беа објавувани на социјалните мрежи, тикток и youtube каналите.
По видеото кое беше објавено изминатите денови во кое членови на владејачката партија танцуваа на оваа песна, денес на youtube беше објавен сличен ваков предизвик. Овој пат 23 вработени во УниБанка пред централната експозитура заиграа на оваа песна.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







