Новинарите ме преценуваат и, речиси јас знам, ме прашуваат дали вечерва ќе падне Владата на Македонија?
Е од каде да знаеш како ќе гласаат кога партиите овде станаа како трговски друштва, кои се збогатуваат со продавање лажен патриотизам и кои меѓу себе не се поврзани ниту со идеологија, ниту со државотворност, ниту со интересите на гласачите, туку само еврото и доларот што нивните раководители ги ставаат во џебовите.
Потоа има случаи кога гласот на пратеник достигнува цена и до еден милион евра, затоа не верувајте на некои што ги „штитат“ националните принципи и интереси само кога ќе се отвори пазарот каде што се продаваат и купуваат пратеници и каде што сите ја креваат својата цена.
Што се однесува до купопроражбата на гласовите на пратеници, на нашите партии, како на пример ДУИ, им недостигаат многу други работи, но не и пари. Па можеби вечерва ќе видиме кој од нив го одврзал ќесето, како што ќе можеме да ги видиме и „најпринципиелните“ пратеници што ги имаме.
Кажува Мехмети, пренесува Тетова 1 .







