Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во вечерашното гостување на ТВ Сител, го обвини Зоран Заев дека е виновен за актуелната сложена политичка ситуација во земјата.
Трајанов анализира дека и премиерот во заминување и Социјалдемократскиот сојуз ќе трпат последици по оставката на Заев на премиерската и на функцијата претседател на СДСМ.
“Не е така едноставно и лесно да се сруши влада, последици ќе има дали преку оставка на актуелниот претседател на владата, дали преку интерпелација. Мислам дека Заев ја иницираше оваа севкупна состојба што се случува сега. Сигурен сум дека Зоран Заев и СДСМ за ова ќе сносат последици. Но, легитимно е правото на опозицијата да се здружува и да бара оставка бидејќи на секоја политичка партија главната цел и е да дојде на власт”, рече Трајанов.






