Oд утре на работа. Имаме многу проекти за спроведување. Од утре почнува новата иднина на градот Скопје, изјави вечерва Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје.
И партиските штабови и податоците од ДИК покажуваат дека независната кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска по вториот круг од локалните избори е во голоема предност пред актуелниот градоначалник Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ.
Арсовска вечерва изјави дека го победи не само стариот градоначалник Шилегов, туку дека во трката на градоначалничката функција противник ѝ беше и премиерот во заминување.
Таа се заблагодари за поддршката од жителите на главниот град и рече дека од утре се тргнува во борба за почист град и за нејзините проекти







