Делта сојот го дочекавме со сите почести, имавме неверојатно смирена состојба. Така прават Кинезите – кога немате случаи тогаш се преземаат мерки. Границите беа ширум отворени, во летно време се дозволи свадби по затворени простори. Делта сојот ќе се ширеше полека ако се презедоа мерки. Секако ќе го доживеевме ударот, ама немаше да мора да се отвораат модуларните болници, а и сега веројатно ќе имаме помал бран, изјави д-р Пановски за Утрински Брифинг.
-Кога има пандемија државата ја води државата, а не граѓаните. Наместо овие тестови со кои се тестираат здрави деца по училиштата да се испратат кај настинати деца ќе беше многу попаметно. Приватните лаборатории во меѓувреме се збогатија. Јас знам колку чинат тестовите и знам дека може да се работи со интерес со многу пониска цена. Ако ги симнеа цените во јуни лани, ЕК ќе ни ги дадеше тие пари. Вака, ни рекоа сте штеделе и еве ви помалку пари. Значи, нема финансиско оправдување за тоа. Излегува тој што има пари ќе се тестира и ќе го купи лекот, оти нема поента тестирање да ви закажат по седум дена, а лекот се пие во првите пет, вели д-р Пановски за Утрински брифинг.
Има протокол за лекување, но никој не го објавува, додава тој.






