Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Италијанка ја пее „Море сокол пие“ – ПЕЕ, РАСТУРА!, а ѝ свират момци од цел свет

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-10-25
in Uncategorized
Италијанка ја пее „Море сокол пие“ – ПЕЕ, РАСТУРА!, а ѝ свират момци од цел свет

Кога Македонка ја пее „Море сокол пие“ велиме ’браво’, кога некој од соседите го прави тоа важи истото, но што да се каже кога песната ја изведува девојка која нема апсолутно никаква врска со Македонија и дури и воопшто не била во нашата земја. Најновата преработка на прекрасната македонска традиционална песна доаѓа од работилницата на Barcelona Gipsy balKan Orchestra и прекрасната вокалистка Маргерита Абита.

Маргерита е Италијанка и е дел од составот Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), интернационален ансамбл, чија база е Барселона. Специфични по составот, но и начинот на кој ја интерпретираат традиционалната музиката –  Barcelona Gipsy balKan Orchestra се вистински мелем за душата, а новиот дух кој ѝ го даваат на музиката од Балканот, Средниот Исток, но и Медитеранот е магија за сите сетила.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

„Традицијата на Македонија е собрана во една приказна, една песна, една емоција. Средбата на БГКО со вечната мелодија чија тежина низ вековите обележала генерации… Старата изрека вели: „Низ Босна не пеј, низ Србија не играј, а низ Македонија ниту пеј ниту играј…“ А сепак еден нов поглед на стара љубов, карактеристика на оркестарот закотвен во градот на Гауди. Инспирирани од природата со која биле опкружени и концертот чија енергија им останала во сеќавањата, БГКО врзува три балкански земји во една приказна – двете страни на езерото Скадар низ призмата на македонскиот сокол“, велат во објаснувањето зошто ја одбрале токму „Море сокол пие“.

Бендот влегува во деветтата година од формирањето, и периодов ѝ вели топло добредојде на Маргерита, чија енергија и свежа перспектива внесуваат свежина во сите аспекти на оркестарот, кој од формирањето до денес може да се пофали со повеќе од 1000 концерти, 70 милиони прегледи и повеќе од 130 000 следбеници на Јутјуб.

Единствениот и современ звук на BGKO доаѓа од нивното страсно и немилосрдно истражување на звуци и тембри од романската, клезмерската, балканската и медитеранската музика. Сите сфатени како збир на музички традиции и мултиетнички култури кои ги надминуваат географските граници. Групата досега има воспоставено свој, би се рекло, заштитен звук и тоа благодарение на неизмерно различните уметнички влијанија на нејзините членови.

BGKO се Маргерита Абита (вокал, Италија), Матиа Скироса (хармоника, Италија), Џулиен Шанал (гитара), Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Дани Карбонел (кларинет, Каталонија –Шпанија) и Олесандр Сора (виолина, Украина)/Пере Ноалск Туру (виолина, Каталонија – Шпанија).

Освен по специфичната изведба, специфични се и по тоа што секогаш се подготвени да истражуваат нови звуци и да ја прошируваат листата на места за настапи, искуства и собирање знаења. А досега настапувале во Австрија, Русија, Франција, Шпанија, Италија, Белгија, Унгарија, Холандија, Канада, Романија, Чешка, Германија, САД, Данска, Турција, Грција, Србија, Хрватска…

Инспиративна приказна, симпатична изведба и неверојатен спој, која дефинитивно будни емоција – слушнете и уживајте. Убаво е кога странец ви оддава признание за она што е ваша традиција и богатство.

Previous Post

Boeн офицер му ВРЗА ШАМАР на гувернерот за време на инаугурацијата (Видео)

Next Post

Македонското здравство под ЛУПА – Лекарите специјалисти масовно ЗАМИНУВААТ од Македонија

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Ако имаш пари ќе живееш, ако не умри – стоко сиромашна!

Македонското здравство под ЛУПА - Лекарите специјалисти масовно ЗАМИНУВААТ од Македонија

Recommended

Русите во Украина тестираат ново, смртоносно оружје?

2 months ago
Орбан: Русија е преслаба – не успеа да ја победи ни Украина, а камоли НАТО

Орбан: Русија е преслаба – не успеа да ја победи ни Украина, а камоли НАТО

6 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.