Во октомври, за само пет дена, во Тетово, освоени се повеќе од три милиони денари во категоријата на „Милионер џекпот“ добивките, велат од Државната Видеолотарија на Македонија.
Првиот џекпот го регистрираат на 15 октомври, во износ од 1.718.893 денари во Тетово. На 20 октомври добивката кај видеолотариските терминали е регистриран во износ од 1.582.574 денари.
Од Државната Видеолотарија исто така велат дека добивките продолжуваат да се движат во вредност од 1.200.000 до 1.800.000 денари.






