Вчера во 22.30 часот во полициската станица Кичево, приведен е М.М.(30) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал.
Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.
Соседи од Кичево кажуваат дека човекот бил буквално искасапен на делови, а потрагата по неговиот син кој го убил татко си го барале три дена, како и дека се работи за тежок зависник од дрога.






