Сите 15 ултрамаратонци кои тргнаа од Нова Градишка на 16 октомври напладне од крушевчани ќе бидат пречекани со црвени рози.
На 16 октомври во Спомен-куќата на Тоше на Гумење ќе се одржи изложба, а таму веќе е поставена кутија за донации на посетителите. Акцијата ќе трае до 25 јанураи наредната 2022 година кога е и родненденот на Тоше Проески.
По повод 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево се очекува пристигнувањето на неговите фанови од земјава и од странство. На вечното почивалиште на Тоше на Гумење во Крушево е подигнато спомен-обележјето во негова чест и спомен.







