Светот го одбележува Меѓународниот ден на менталното здравје …
Луѓето се повеќе се свесни за менталното здравје, но за нација со добро метнално здравје треба да има систематска грижа почнувајќи од училиштата, работните места, објаснува психологот Мирјана Јовановска претседател на Комората на психолози.
Со панедимијата се зголемила посетата кај психолозите пред се кај младата популација, вели Стојановска. Но, еден член ако има проблем со менталното здравје е проблем на целото семејство каде мора да се реагира на време. Таа вели дека ако сега не се превземат сериозни систематски чекори во државата во иднина ќе имаме епидемии на психолшки нарушувања.
Денеска е светски дена на менталнот здравје. Според истражувањата на Светската Здравствена Организација скоро една милијарда луѓе во светот имаат ментално нарушување. Секој седми човек на возраст од 10 до 19 години доживува некакво ментално нарушување, а половина од овие нарушување започнуваат од 14 години и многу често не се третирани.







