Данската армија итно повика стотици резервисти на готовност, откако во текот на изминатата недела во воздушниот простор биле забележани беспилотни летала, објави „Екстра Бладет“ повикувајќи се на ТВ 2.
Според доверливиот повик до кој дошол ТВ 2, регрутите се замолени да се пријават што е можно побрзо. Повикот директно се поврзува со ситуацијата со дроновите, кои предизвикаа загриженост кај данските власти.
Од командата на вооружените сили не дале официјален коментар, ниту пак се знае точниот број на активирани војници. Сепак, извори за ТВ 2 потврдиле дека станува збор за „неколку стотици“ резервисти, кои биле известени во недела.






