Не престануваат секојдневните пораки од Софија околу тоа што треба да исполни Македонија за да се надева на почеток на преговори со ЕУ кои ги блокира Бугарија.
Бојко Ноев, поранешен бугарски министер за одбрана вели дека „клучот“ за започнување на преговорите на Скопје за Европската унија е „решителен крај на дебугаризацијата и на потиснувањето на правата на Бугарите во Македонија’.
„Додека не престане дискриминацијата на Бугарите во МАКЕДОНИЈА, додека не добијат еднакви можности да учествуваат во политичкиот, социјалниот, културниот, економскиот живот, додека не можат да ги пеат своите песни, да ги читаат нивните книги и да зборуваат на нивниот јазик, да ги почитуваат нивните споменици, дотогаш прашањето за почеток на преговорите нема да се реши. Целосната дебугаризација мора да престане “, изјави Бојко Ноев за БГ Ер.
Тој вели дека сите бугарски влади постапувале наивно очекувајќи овие прашања сами да се решат.
„Мислевме дека со помош за време на ембаргото, за време на кризата во Косово, кога им помогнавме да го зачуваат интегритетот на земјата, кога Албанците ги бараа своите права со оружје во рака, прашањата ќе се решат. Но, не само што не се решија, туку се продлабочија “,вели Ноев, како што пренесува БГНЕС.
Тој вели дека се потребнигаранции на највисоко ниво за решавање на проблемите..
Тврдењата на премиерот Зоран Заев дека сега не може да ги вклучи Бугарите во Уставот и дека тоа би можело да се случи само по пристапувањето на РС Македонија во ЕУ покажуваат чудно разбирање на човековите права.
Со правата не се тргува. „Не само што Бугарите мора да бидат вклучени во Уставот, туку мора да има и свечена декларација од нивниот парламент во која се вели дека Бугарите се еднакви со сите народи во Македонија“, вели Бојко Ноев.








