Тетовската градоначалничка Теута Арифи на предизборен собир изјави дека „Тетово е првиот албански град во Македонија каде општината ја предводи жена“, порачувајќи дека нејзиниот пример треба да послужи како инспирација за младите Албанки.
„Тетово е првиот албански град во Северна Македонија кој доби жена за градоначалник. Ова е достигнување на кое можеме да бидеме горди и тоа е референтна точка за родовата еднаквост и за модерното општество во нашата земја. Наша цел е да го зголемиме уделот на жените на раководните позиции до 50-50 во следните четири години,“ порача тетовската градоначалничка, која се бори за својот трет мандат, на настан пред жените од Демократската унија за интеграција.
Арифи својата порака во која зборува за еднаквост воопшто не ја објавува на македонски јазик.
https://www.facebook.com/343207362386823/posts/6620349068005923/






