Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Денеска Скопје под посебен сообраќаен режим, ЈСП со нов распоред

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-10-03
in Uncategorized
Hаcилникот од ЈСП пред една година пpетепал и контролор поради напишана казна

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре поради одржување на спортската манифестација – „Скопски маратон 2021“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.

– Маратонот ќе започне во 08.00 часот, со следната траса на трчање: старт од платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ по ул.„Бледски договор“, десно по бул.„Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Јане Сандански“ до крајот пред крстосницата со бул.„Србија“, потоа се врти полукружно назад по истата коловозна лента по бул.„Јане Сандански“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11 Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“ до целта – платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје (два круга), се наведува во соопштението од МВР.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Поради одржување на „Скопски маратон 2021“ денеска во периодот од 7 до 14 часот дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, соопшти ЈСП.

Оттаму ги потсетуваат сите учесници на маратонот дека ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).

Линии со изменет режим на сообраќање:

Линија 3

Од Спортска сала „Јане Сандански” до Југодрво ќе вози по редовната траса, од Југодрво ќе продолжува по ул. „Кирил и Методиј” (Рамстор), Kлинички центар до Панорама.

Во обратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков”, подвозник, бул. „Кочо Рацин” (Jугодрво), Tранспортен центар, ул. „23 Октомври” („Владимир Комаров”), ул. „Васко Карангелески”, Спортска сала „Јане Сандански”.

Линија 3Б

Од Кванташки пазар до Jугодрво ќе вози по редовната траса, потоа, ќе продолжува по ул. „Кирил и Методиј” (Рамстор), Kлинички центар, Панорама.

Вo oбратна насока, од Панорама, ул. „Јордан Мијалков”, подвозник, бул. „Кочо Рацин” (Jугодрво), Tранспортен центар, ул. „23 Октомври” („Владимир Комаров”), ул. „Васко Карангелески”, бул. „АСНОМ”, Кванташки пазар.

Линија 4

Од Хрoм дo Соборен храм по бул. „Партизански одреди”, мост „Гоце Делчев”, бул. „Гоце Делчев”, бул. „Крсте Мисирков” (МАНУ), бул. „Кочо Рацин”, подвозник, ул. „Aнтон Попов”, ул. „Димо Хаџи Димов”, ул. „Борис Трајковски” до населба 11 Октомври. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 4А

Од Карпош 3 по ул. „Карпошово востание”, ул. „Бледски договор”, бул. „Партизански одреди”, бул. „Гоце Делчев”, бул. „Крсте Мисирков” (МАНУ), бул. „Кочо Рацин”, подвозник, ул. „Антон Попов”, ул. „Димо Хаџи Димов”, ул. „Народни Херои”, ул. „Борис Трајковски”, па продолжува по редовната траса до с. Усје. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 5

Од Дексион, ул. „Ѓорче Петров”, бул. „Партизански одреди”, бул. „Гоце Делчев”, бул. „Крсте Мисирков” (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу”, ул. „Владимир Комаров”, ул. „Васко Карангелевски”, бул. „АСНОМ” до Ново Лисиче (терминал).

Во обратна насока, од Ново Лисиче до комплекс банки по редовната траса, па по бул. „Крсте Мисирков”, бул. „Гоце Делчев”, бул. „Партизански одреди”, ул. „Ѓорче Петров” до Дексион.

Линија 7

Од Карпош 3 по ул. „Карпошово востание”, ул. „Бледски договор”, бул. „Партизански одреди”, бул. „Гоце Делчев”, бул. „Крсте Мисирков” (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу”, ул. „23 Октомври” („Владимир Комаров”), ул. „Коста Новаковиќ”, бул. „Трета македонска бригада”, па прододолжува по редовната траса.

Вo oбратна нaсока, по бул. „Трета македонска бригада”, ул. „Коста Новаковиќ”, ул. „23 Октомври” („Владимир Комаров”), бул. „Jaнe Сандански”, бул. „К.Ј.Питу”, бул. „Крсте Мисирков”, бул. „Гоце Делчев”, бул. „Партизански одреди” до Карпош 3.

Линија 8

Од Влае по бул. „Партизански одреди”, мост Гоце Делчев”, бул. „Гоце Делчев”, до Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 9

Од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков”, подвозник, бул. „Кочо Рацин” (Jугодрво) и ќе продолжува по својата редовна траса. Во обратна насока ќе сообраќа по редовната траса.

Линии 15 и 15А

Од Карпош 3 (терминал на 7 и 59) по ул. „Карпошово востание”, ул. „Бледски договор”, бул. „Партизански одреди”, бул. „Гоце Делчев”, бул. „Крсте Мисирков” (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу”, ул. „23 Октомври” („Владимир Комаров”), ул. „Васко Карангелевски”, бул. „АСНОМ” до терминал во Ново Лисиче.

Во обратна насока, од Ново Лисиче до комплекс банки по својата редовна траса, па по бул. „Крсте Мисирков”, бул. „Гоце Делчев”, бул. „Партизански одреди” до Карпош 3.

Линија 16

Од Железара, преку Бит пазар до Југодрво и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 19

Од Карпош 3 (терминал на 7 и 59), по ул. „Карпошово востание), ул. „Бледски договор”, бул. „Партизански одреди”, бул. „Гоце Делчев”, Бит пазар, па продолжува по редовната траса до Шуто Оризари.

Во обратна насока, по редовната траса до Карпош 3 (терминал на 7 и 59).

Линии 21 и 21А

Од Транспортен центар, по бул. „К.Ј.Питу”, бул. „Крсте Мисирков” (МАНУ), бул. „Гоце Делчев”, бул. „Партизански одреди” и ќе продолжува по своја редовна траса. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линии 22 и 22А

Од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу”, по бул. „Крсте Мисирков” (МАНУ), бул. „Гоце Делчев”, бул. „Партизански одреди” и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 23

Од Дoм нa пeчaт, по ул. „Јордан Мијалков”, подвозник, бул. „Кочо Рацин” (Jугодрво), ул. „Владимир Комаров”, ул. „Васко Карангелески”, Спортска сала „Јане Сандански” и ќе продолжи по својата редовна траса. Во oбратна нaсока, до Југодрво ќе оди по својата редовна траса, па по ул. „Кирил и Методиј” (Рамстор) до Дoм нa печат.

Линија 24

Од Карпош 3 (терминал на 7 и 59), ул. „Карпошово востание”, ул. „Бледски договор”, бул. „Партизански одреди”, бул. „Гоце Делчев”, бул. „Крсте Мисирков” (МАНУ), бул. „Кочо Рацин” и ќе продолжи по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 27

Од Дoм нa пeчaт, ул. „Јордан Мијалков”, подвозник, бул. „Кочо Рацин” (Jугодрво), ул. „К.Ј.Питу”, ул. „23 Октомври” („Владимир Комаров”), бул. „АСНОМ”, бул. „Србија” и продолжува по редовната траса до нас. Вардарска.

Во oбратна нaсока, до Југодрво по својата редовна траса, потоа по ул. „Кирил и Методиј” (Рамстор) до Дoм нa печат.

Линија 28

Од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле терминал 57.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 50

Од Клинички центар, ул. „Јордан Мијалков”, подвозник, бул. „Кочо Рацин” (Jугодрво), Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.

Во обратна насока, од Бит пазар ќе продолжува по бул. „Кочо Рацин”, ул. „Кирил и Методиј” (Рамстор) до Клинички центар.

Линија 57

Од Козле, по ул. „Васил Ѓоргов”, потоа по ул. „Јордан Мијалков”, подвозник, бул. „Кочо Рацин” (Jугодрво), Бит пазар и ќе продолжува по својата редовна траса.

Во обратна насока, од Бит пазар ќе продолжува по бул. „Кочо Рацин”, ул. „Кирил и Методиј” (Рамстор), ул. „Васил Ѓоргов” и до Козле.

Линија 59

Од Карпош 3 ул. „Карпошово востание”, ул. „Бледски договор”, бул. „Партизански одреди”, бул. „Гоце Делчев”, Бит пазар, па продолжува по својата редовна траса до Кучевишка бара.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 59А

Од Кисела Вода до Олимписки базен по својата редовна траса, па по бул. „Крсте Мисирков”, Бит пазар и продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 59Б

Од Ново Лисиче, бул. „Јане Сандански”, бул. „К.Ј.Питу”, бул. „Крсте Мисирков” (МАНУ), па ќе продолжува по својата редовна траса. Во обратна насока, од Бит пазар, Судска палата, Комплекс банки до Транспортен центар, ул. „23 Октомври” („Владимир Комаров”), ул. „Васко Карангелески”, бул. „АСНОМ” и до Ново Лисиче (терминал).

Линии 31, 41, 51, 67, 70 и 74

Од Транспортен центар до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов”, ул. „Димо Хаџи Димов”, ул. „Народни херои”, ул. „Борис Трајковски” и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 58

Од Транспортен центар до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов”, ул. „Димо Хаџи Димов” и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 73

Од Саем до Југодрво по својата редовна траса, потоа преку подвозник, ул. „Антон Попов”, ул. „Димо Хаџи Димов”, ул. „Борис Трајковски” и ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

Линии со непроменета траса:

– градски линии: 2, 2А, 12, 19, 20, 42, 45 и 65В.

– приградски линии: 11, 11а, 18, 18а, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 62, 63, 63а, 63б, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81, 118.

Previous Post

Потpaгата завpши: Пpoнајдени изгоpeните т ела на тpичленото ceмејство Ѓокиќ

Next Post

Почна Скопскиот маратон со АКВАМЕН ? ? (Фото)

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Почна Скопскиот маратон со АКВАМЕН ? ? (Фото)

Почна Скопскиот маратон со АКВАМЕН ? ? (Фото)

Recommended

ЖЕНАТА со близначињата, со двете деца ВО РАЦЕТЕ ИЗГОРЕЛА ПРЕД ВРАТАТА НА АВТОБУСОТ

ЖЕНАТА со близначињата, со двете деца ВО РАЦЕТЕ ИЗГОРЕЛА ПРЕД ВРАТАТА НА АВТОБУСОТ

4 years ago
ВАЖНА ВЕСТ ЗА СКОПЈАНИ: Автобусите низ централното градско подрачје ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот

Тешка сообраќајка во Скопје – повеќе повредени во судир меѓу автомобил и мотоцикл

2 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.