Професорката Мирјана Најчевска е согласна дека треба да се истражи дали имало прекршување на правата на децата во извидниичкиот камп насловен „Есенски бакнежи, прегратки, скаути секс и рокенрол“ и во секој случај да се испита програмата на кампот од страна на детски психолози, педагози и секако правници.
„Меѓутоа ајде да не претеруваме“ – пишува Најчевска.
Ако го пуштам детето на камп со назив Тајните на библијата очекувам да се проучува библијата.
На камп со назив Ајде да учиме математика имам конкретни очекувања, така.
На спортски камп за баскет исто.
Што очекува родител од камп во чиј наслов има секс.Па што не погледнал програма, фотографии од претходни кампови? Што не се распрашал кога веќе го видел називот.До сега не слушнав за насилство и присилување..
А, ставање презерватив на краставица не е облик на насилство, туку обука која би требало да ја помине секој млад човек“-пишува Најческа во објава на Фејсбук.







