Повеќе Државата нема да набавува ИТ-уреди за основците и за средношколците со кои треба да следат онлајн-настава од 1 октомври. Министерката за образование и наука Мила Царовска неодамна кажа дека е невозможно за кратко време да се набават 40.000 уреди, колку што се потребни за сите. Таа рече дека ќе мора сами да се снајдат во однос на набавката на овие уреди, а првенство имаат децата од социјално загрозени семејства.
Факултети.мк исконтактира со неколкумина градоначалници од помали и поголеми општини и праша дали ќе се погрижат децата да го добијат она што им е неопходно за да следат настава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






