Не може да не казнувате нас што како мамлази почитуваме се`, со нови карантини и дополнителни забрани. Која е логиката на задожително носење маски надвор? На што го базирате ова? Кој и врз база на што ја дал оваа препорака и зошто!? Како одлучувате дека карантинот е најдобро решение кога знаете дека во пола држава не може да го спроведете? Која е штетата на психичкото здравје со новите забрани и карантини? Сте ја виделе ли рајата во која и јас припаѓам како се однесува во сообраќај, како вози, колку нема трпение, како се дере на најмала работа, како фрла и уништува природа како да нема утре? Кој води сметка за ПСИХИЧКОТО ЗДРАВЈЕ НА ЛУЃЕТО? Кои се резултатите од првите 9 месеци за другите болести, меѓу кои и психичките нарушувања?! Како се ДЕЦАТА? Колку луѓе умреа оти не добија сериозно внимание заради протоколите или стравот и препораката да не одат на лекар!?
ВИЕ не убедувавте на почеток на сезоната дека е нормално луѓето да одат секаде, да се движат, дека ние што останавме Скопје сме малце глупички и дека гужвата во Охрид е ок, ако се држи дистанца? И сега карантин е новата нормалност и носење маски на отворено? И на Водно ли ќе важи тоа? Зошто?
А да почнете како влада и држава да ја спроведувате политиката што ја промовирате и да си ја работите работата. Какви контроли имате направено по мали маркети, кафани и кафулиња во петок и сабота навечер, кога сте биле во помалите градови во Источна и Западна Македонија? Кога последен пат сте поминале Дебар Маало навечер, еве нека не е за маски или одалеченост, нека е за паркирање на улица или брзо возење и дивеење по градов? Кога сте биле на Бит Пазар или Пластичара? Кога отидовте до некоја фирма, на свадба, на сунет, на домашни слави и празници или некоја општина во градов?
Забраните МОРА да ви се базирани на факти и сериозни објаснувања и докази, а не да бидат реакција на немоќта на администрацијата и системот да биде држава.
Не можеш по магарето, удри по самарот.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






