Не престанува револтот кај значителен број на граѓани од најавените мерки на Владата со цел спречување на ширење на пандемијата. Ана Глигорова, една од најгласните активистки, на Фејсбук прашува дали ќе се бараат сертификати за вакцинација во јавниот превоз.

-Од 16 ти започнува забрана за присуство на невакцинирани во кафичи, спортски сали, конференциски сали, фитнес центри,..
.Демек лимитот бил 30 луѓе. Да прашам-во автобус градска линија преполна 2, 5,19,23 некој се вози секој ден, ќе му барате ли сертификат за вакцинација?
Во фабрички хали ќе барате ли? Во школо кога ќе ви се налупаат над 30 деца во тесна училница што ќе правите? Ќе му речете на вирусот да не доаѓа таму?
Глупаво е ова со сертификатите или јас сум глупава? – пишува Глигорова.






