„Без капка вода сме, ако огнот се прошири, ќе изгориме живи“, пишува во мејлот упатен до медиумите, во кој се нагласува дека токму затоа постојано апелирале да се реши проблемот со водата во селото.
Предупредуваат дека повеќето од жителите се стари лица и дека ако се случи најлошото, дека тешко дека куќите и имотот ќе може да се спасат.
Жители на скопско Кучково преку мејл до МКД.мк апелираат за помош. Велат дека пожар се шири и навлегува во селото, а дека од Општината никој не им се јавува. Од Противпожарната единица ни одговорија дека е испратено едно возило, а се прават напори за да се прати уште едно противпожарно возило. За состојбата велат не знаат каква е во моментот на ова место.







