-Цел јули ефективниот репродукционен број е преку 1, што значи имаме експоненцијално ширење на бројот на случаите. Сето тоа зборува дека имаме тренд на постепен пораст, а тој пораст ќе оди сѐ пострмно нагоре. Во моментов, се работи за мали бранчиња, за локално ширење во некои општини. За тоа да остане локално треба да има идентификување на сите контакти на заразените, смета д-р Даниловски.
Тој во интервју за Канал 5 вели дека е заблуда дека делта-сојот не е по опасен од останатите соеви.
– Прво се мислеше дека делта-сојот не е поопасен, дека не дава потешка клиничка слика. Меѓутоа, тоа се покажа дека е заблуда бидејќи делта-сојот се ширеше повеќе меѓу млади лица кои се, генерално, неимунизирани. Фактот дека е полесно пренослив, се добиваат дури 5 до 9 нови случаи од еден веќе заразен случај со делта-сојот, а и дека дури илјада пати е поголемо вир усното оптоварување, доволно зборува дека клиничка слика не може да биде ниту полесна, ниту иста, туку потешка од онаа којашто ја дава алфа-сојот, вели тој.






