Почнувајќи од денес предвидено е напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар (Roaming Like At Home). Тоа значи дека корисниците на роаминг-услугите во земјава нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг-услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји потписнички на Спогодба, без разлика дали станува случај за користење на интернет, говор или СМС. Влезниот повик во роаминг ќе се третира исто како и влезниот повик во домашниот пазар односно без дополнителен надомест за корисникот.
И покрај укинување на роаминг тарифата помеѓу земјите на Западен Балкан, АЕК препорачува корисниците пред да тргнат на пат, да се информираат кај својот оператор што им следува согласно нивниот пакет. Надвор нема да ви следува истата количина на интернет кој го имате дома, предупредуваат од агенцијата.
– Ако имаме 10 ГБ мобилен сообраќај дома, би ималe околу 2.5 ГБ во странство, велат од АЕК.
Кога ќе се достигне лимитот, операторот ќе го прекине интернетот, и ќе го информира корисникот со СМС, а тој ке може да порача дополнителен интернет, по цена која е одредена од операторот, велат од АЕК. Инаку режимот Роаминг како дома кој ги опфака Албанија, Црна Гора, Србија, Косово и БИХ важи за сите услуги, при што цената на телефонирањето дома и во овие земји ќе биде иста.
Од АЕК велат дека засега нема олеснување во роамингот со Грција и другите земји земји на Еу, но се работи на тоа. Србија од први јули го намали импулсот со Грција и до 90 проценти.






