Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека годинава ќе користи десет дена летен одмор, а смета дека и пратениците ртреба да се одморат за да бидат поефикасни.
„Значи, како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право, заради тоа што одморен човек и работник, па и пратеник, може да биде поефикасен. Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично по Илинден, Парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер.
Јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки, како ќе одлучат тие ќе почитуваат.
Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор“, рече Заев на новинарско прашање






