Црвени фустани среде градски парк беа прикачени во знак на меѓународниот ден на сексуалните работници. Преку оваа уметничка инсталација заедницата на сексуални работници бараат декриминализација и признавање на сексуалната работа како професија по слободен избор.
Од надлежните бараат да се унапредат здравствените, социјалните и работничките права на оваа група граѓани.

Активистите од овој настан испраќаат порака ако е познато дека сексуалната работа е една од најстарите професии во светот тогаш време е да се препознаат и нивните права.
Од Владата велат дека се разгледуваат овие барања и во тек се разговори за измени во кривичниот законик за што се вклучени и претставници на невладиниот сектор.

Меѓународниот ден на сексуалните работници започнува да се слави од 1975 година, на 2-ри јуни кога 100 сексуални работници ја окупирале црквата Свети Низиер во Лион, Франција.






