Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ден на трудот! Обесправеност на работниците и експлоатација, над 43 илјади лица без работа, 67 илјади под минимална плата

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-05-01
in Uncategorized
Ден на трудот! Обесправеност на работниците и експлоатација, над 43 илјади лица без работа, 67 илјади под минимална плата

Првомајски проглас: Заеднички во борба за работничките права!

Најголемиот товар на кризата предизвикана од прогласената пандемија на COVID-19, повторно падна на грбот на сиромашните, додека богатите продолжија да се богатат од трудот и маката на работничките и работниците. Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат. На глобално ниво, 100 милиони луѓе западнаа во тешка сиромаштија, а сите работници заедно изгубија околу 3.700 милијарди долари, односно 8.4% од нивниот доход, исто онолку за колку што се зголеми богатството на светските милијардери. Во Македонија, десетици илјади лица останаа без работа за време на кризата. Многу повеќе останаа без примања, додека богатите го дуплираа својот капитал, заштитени од мерките што државата ги донесе за да им помогне на фирмите.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

  • Минималната плата се зголеми за само 200 денари, иако најпогодени од кризата се токму работничките и работниците што работат за минималец. Наспроти тоа, Владата им даде 800 милиони евра на фирмите за справување со кризата и покрај тоа што тие грубо ја злоупотребуваат оваа државна финсиска помош. 20.000 работодавачи ја злоупотребија државната финансиска помош и не им ги исплаќаа платите или им исплаќаа плата под минималната на 67.000 работници. Коморите и организацијата на работодавачите беа задоволни од тоа што нивните барања биле прифатени од Владата при носење на економските мерки. За разлика од тоа, барањата на работниците пренесени преку нивните претставници не беа земени предвид. 17.000 работници не ја добија заработената плата за три месеци поради тоа што пратениците сметаа дека „работниците можат да истраат уште еден месец без плати“. Опозицијата со недели го блокираше петтиот пакет економски мерки, отворено покажувајќи дека не се грижи за работниците и сиромашните.

Според податоците на Агенцијата за вработување, 43.086 лица останале без работа по започнувањето на кризата во март 2020 година. Најновото истражување на Здружението за истражување и анализи покажува дека во 2020 година вкупно 6783 текстилни работнички и работници останале невработени. За споредба, во 2019 година овој број изнесува 2971. Петте општини со највисок пораст на невработеноста се: Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово. Овие пет општини се всушност едни од општините каде што текстилната индустрија е најразвиена и има најмногу активни субјекти во овој сектор. 6000 текстилни работнички се испратени на „принуден одмор“, поради тоа што работодавачите ја чекаа државната финансиска помош, земајќи плата под минималната за овој период.

Работодавачите целосно ги занемарија прописите за заштита и безбедност при работа, што се покажа кобно за работничките и работниците, особено во текстилната индустрија создавајќи т.н. „текстилни кластери“, што резултираше со голем број заболени работнички и затворање на фабриките. Грубото и отворено непочитување на мерките и препораките за превенција и заштита од коронавирусот ги изложи работничките на сериозен ризик по своето здравје и живот.

Работниците со договори на дело, односно, прекарните работници – хонорарците, фриленсерите и слично, останаа надвор од заштитата на Законот за работните односи и без здравствено осигурување за време на најголемата здравствена криза. Работниците со договори за вработување на определено време се во постојана неизвесност, затоа што во секој момент работодавачите можат да одлучат дека веќе немаат потреба од нив и да ги остават без работа.

Недела е ден на неделен одмор за сите, но не и за работничките и работниците во државава. Надлежните власти ги ставија профитот и конзумеристичката култура пред принципите на правичност, безбедност и почитување на човековото достоинство на работникот, занемарувајќи ја потребата за неделен одмор на сите работници како дел од поширокиот концепт на достоинствена работа. Измените на ЗРО што предвидуваат дека недела е неработен ден и е ден на неделен одмор, со исклучоци во одредени дејности, ќе се применуваат дури од 2022 година.

Лани ова време предупредувавме дека власта не смее да ги запостави работниците, сиромашните и обесправените, и дека сите економско-социјални политики мора да се носат во договор со синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права, но една година подоцна гледаме дека работите се само полоши. Поради тоа, повторно бараме:

  1. Итно носење на новиот Закон за работните односи што ќе ги рефлектира потребите на работниците наметнати од кризата и ќе ги штити нивните права и интереси.
  2. Покачување на минималната плата, имајќи предвид дека потрошувачката кошница постојано се зголемува, односно, трошоците за задоволување на основните егзистенцијални потреби како исхрана, облека и средства за заштита од вирусот постојано растат.
  3. Измени и дополнување на Правилникот за професионални болести со цел болеста предизвикана од Ковид-19 да се предвиди како „повреда на работа“ за сите работници и соодветно на тоа, надоместокот на плата ќе се исплаќа во висина од 100% од основицата, додека трае спреченоста за работа.
  4. Правилникот за професионални болести да се измени и во однос на изолираноста заради спречување на зараза, со што висината на надоместокот на платата за привремена спреченост од работа да се исплаќа во полн износ за оние лица за кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) издал решение за самоизолација заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. По контакт со заболено лице од коронавирусот, отсуството пред работодавачите може да се оправда со решение и истото се доставува до работодавачот за регулирање на привремена спреченост од работа.
  5. Да се овозможи паричен надоместок за невработени да можат да користат и лица на кои работниот однос им престанал поради сопствена изјава, спогодбено или поради наводно нарушување на дисциплината, за да се заштитат работниците кои останаа без работа на овој начин во кризава. Периодот за кој се исплаќа надоместокот треба да биде врзан со стажот на работникот.
  6. Забрана за доделување финансиска поддршка на фирми што ја злоупотребиле државната помош и не им исплаќале плати на работниците или пак, им исплаќале плата под минималната.
  7. Државната финансиска помош да се исплаќа директно на сметките на работничките и работниците, затоа што само на овој начин може да се избегнат грубите злоупотреби, а работниците навремено ќе ја добиваат заработената плата.
  8. Да се обезбеди заштита на прекарните работнички и работници, како што се хонорарците, фриленсерите и други, кои се најнесигурната категорија и немаат никакво социјално и здравствено осигурување. Оваа категорија работници да биде опфатена со економските мерки за државна финансиска помош.
  9. Мораториум на наплата на ратите кон банките и долгови кон извршители за времетраењето на кризата. Дополнително, да се забрани пресметување камати од страна на банките, штедилниците, финансиските друштва и извршителите за истиот период, односно, да се спречи претходно наведените субјекти да профитираат во оваа криза на грбот на сиромашните.
  10. Државните служби (ДИТ, АВРМ, УЈП)  брзо и ефикасно да реагираат за да се спречат злоупотребите и грубото кршење на работничките права.  Државните служби да ја користат можноста да иницираат постапки по службена должност кај работодавачите за кои има сознанија дека постапуваат спротивно на закон. Дополнително, државните служби да ја користат можноста за повикување на кривична одговорност на работодавачите.
  11. Задолжително консултирање со синдикатите и здруженијата на граѓан(к)и што се залагаат за работниците и за работничките права при подготовката на мерки кои се поврзани со нив и ниедна ваква одлука да не помине без нивна согласност.

Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС)

Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ)

Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ)

Независен академски синдикат (НАкС)

Левичарско движење „Солидарност“

Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“

Хелсиншки комитет за човекови права

Previous Post

Лазаров: Ќе пробаме да одиграме меч за душа, за Велигден

Next Post

Уaпceн проповедник во Лондон бидејќи рекол дека бракот е помеѓу маж и жена

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Уaпceн проповедник во Лондон бидејќи рекол дека бракот е помеѓу маж и жена

Уaпceн проповедник во Лондон бидејќи рекол дека бракот е помеѓу маж и жена

Recommended

Атлетичарката Дрита Ислами раскажува за искуството со „Беса турс“: Прв и последен пат!

Атлетичарката Дрита Ислами раскажува за искуството со „Беса турс“: Прв и последен пат!

4 years ago

OpenAI во правна битка: Судската наредба за трајно чување на податоци ја загрозува приватноста на корисниците

6 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.