Младиот пејач Момир Луковац (24), учесник во најпопуларното и најгледано регионално музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, ненадејно починал под неразјаснети околности. Здружението на естрадни уметници на Црна Гора и учесниците на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се огласија и се простија од младиот пејач, а наводно се самоубил со пиштол во својот стан каде живеел со девојка му.
Момир Луковац инаку е млад пејач од Бања Лука, кој живеел во Подгорица, а последен пат пееше на сцената на натпреварот „ Ѕвездите на Гранд“ пред два месеци, кон крајот на јануари, кога ги отпеа песните: „Проклета е виолина“ од Саша Матиќ и „Таа да ме сакаше“, од Аца Лукас. Луковац стигна до третото коло во тековната сезона.

Многу сум потресен од веста за заминувањето на младиот Момир Луковац. Ова се времиња кога трагедиите доаѓаат наеднаш, една по една, болно, неправедно и само два дена откако нè напушти нашиот директор на фотографија, Неша Мишковиќ. Во свое лично име и во име на сите вработени во Гранд, најискрено сочувство до неговото семејство и пријателите“, изјави Мили за српските медиуми.
„Почивај во мир, драг колега. Шок!“, напиша Слажа Зубчевиќ.







