Владата на денешната седница го усвои предлогот на Kризниот штаб и одлучи од утре (вторник) полицискиот час да почнува од 20 часот до 05 часот.
Премиерот Заев и министерот Филипче на прес-конференција соопштија дека новите мерки се неопходни, како и дека медицинските работници работат деноноќно.
Владата денеска преку прес-конференција одлучи да воведе нови мерки во пресрет на затоплувањето како и големите верски празници.
Официјално денеска е донесена одлука за забрана за движење на сите граѓани од 20 часот па се до 05 часот наутро.

Мерката ќе започне утре и ќе трае до 20 април.
Следната мерка е затворање на кафетериите, кафеаните и угостителските објекти од 7 април до 20 април.

Целосна забрана за работење на фитнес клубовите, обложувалниците, како и забрана за одржување на конференции и обуки.

Милениците ќе може да се изнесат во траење од еден час.






