Ел Си „Бакшот“ Смит, е 91-годишен полицаец од Арканзас од САД, и тој е веројатно најстариот полицаец во светот. Всушност и немаме сретнато постар.
Полицаецот Смит, или како што го нарекуваат неговите помлади колеги, „дедо Смит“ вели дека се вратил од пензија седум пати затоа што не можел да го издржи животот дома без униформа.
Тој открива дека целиот свој живот го посветил на работата на полицаец и дека тоа е единственото нешто што му дава вистинско задоволство.
„Мојата прва пензија, која се случи на почетокот на овој век, траеше само пет месеци. Претходно ја работев оваа работа 46 години. Потоа, се обидоа да ме вратат дома уште 6 пати. Залудно. Дури ми правеа и проштални колачи, но јас секогаш се враќав кај овој автомобил и одев на патрола. Ова е единствениот живот што го познавам, и со оваа униформа ќе се преселам во другиот свет “, вели Смит “.
Вечер Мк.






