Бугарија идната седмица ќе добие 200.000 вакцини, а премиерот Бојко Борисов најави дека ќе предложи 5.000 вакцини да испратат во Македонија.
Како што јавува МИА од Софија, Борисов рекол дека тоа ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето.
Борисов, кој ја даде изјавата за време на увидот на градежните работи на модернизацијата на компресорска станица „Лозенец“, изрази и уверување дека Бугарија во април ќе добие над милион вакцини.





