По денешната координација на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на центрите во Скопје кои ја третираат оваа болест соопштија дека здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик досега, состјбата во болниците е алармантна.
Оттаму додаваат дека се оспособуваат нови оддели за хоспитализација на болни пациенти, а во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми и им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здравствената состојба.
„Вработените во болниците дават натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти. Здравствениот систем го работи она што никогаш не го работел до сега, соочен со напливот на пациенти со тешка клиничка слика, болни кои имаат потреба од лекарска помош чиј број од час во час се зголемува.
Министерот за здравство, заедно со директорите на болниците, лекарите и медицинскиот персонал, прават сè што е во нивна моќ за пациентите да добијат најдобра можна нега“, велат од Министерството за здравство.






