Се пролонгира до следната година, а којзнае и дали ќе се примени некогаш. Иако владините претставници беа категорични дека недела неработен ден ќе стане реалност и законска обврска измените на Законот за работни односи се одложени за 2022 година, односно ќе бидат со одложена примена од тогаш. Тоа денеска го соопштија вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шехпаска на денешната редовна месечна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог што се одржа во Владата. На средбата присуствуваа стопанствениците од повеќето стопански комори.
А токму стопанствениците имаа многу забелешки на ова предлог решение. Како што пишувавме, според, нив воведувањето на целосна забрана за работа во недела со исклучок на дејностите кои се поименично наведени, не оди во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците, ниту на македонската економија како целина, и ќе предизвика сериозни негативни импликации.
Сите нивни забелешки овде







