ЈуТјуб ѕвездата Бурак стана хит на интернет. Тој сподели фотографија од венчавката која е навистина невообичаена. Бурак на церемонијата си понел лаптоп и си заиграл Football Manager.
Додека неговата тазе невеста седела отстрана, тој го тренирал својот виртуелен фудбалски тим. Потоа одиграл два натпревара и изјавил дека сето тоа било само шега.
-Верувајте, да не беше шега, невестата ќе ми го скршеше лаптопот, изјавил тој за SPORTbible.
Инаку, првичниот план бил да го понесе лаптопот за на венчавката се прикаже нивната љубоов со пуштање снимка, но организаторите имале технички проблем, па тој си поиграл додека чекал.
Инаку, тој признава дека во слободно време сака да си игра и дека тоа не ѝ пречи на невестата сѐ додека таа го добива својот дел од вниманието.
-Би било тешко поинаку оти секој ден играм 3-4 часа а за време на викенд и до 7 часа, вели Бурак.






