Изненадувачко видео од Нижневартсково во западен Сибир во Русија се појави на социјалните мрежи. Видеото на кое може да се види како голема мечка шена низ градските улици ги шокираше Русите.
Во еден момент како што може да се види во видеото големата мечка тргнува кон еден човек кој разговара на мобилен телефон. Исплачениот маж почнува да бега, но мечката не се откажува. Човекот спасот од мечката го бара со претрчување на улицата полна со автомобили, мечката тргнува по него и во тој момент на неа налетува градски автобус.







