Вчеравечер на „Партизанска“ се случи сообраќајна несреќа, откако автомобил се заби во дрво на тревникот спроти Т.Ц Алуминка во Карпош 3.
Како што може да видите на фотографиите, автомобилот прелетал преку попречните столбови, лентата за велосипеди и патеката за пешаци, при што на крајот се забил во дрво.






