Телохранителот на премиерот Зоран Заев, Александар Трајков, познат како Сашко Сали е наводно едно од десеттината лица кои денеска во Струмица брутално претепаа маж.
Во медиумите одекна веста дека толпа луѓе брутално претепаа маж, а потоа се појави вест дека еден од нив бил телохранителот на премиерот.

По овие обвинувања во медиумите се огласи и Трајков кој на својот Фејсбук профил демантира дека бил вмешан од инцидентот.
-Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања. Попатно, распрашувајќи се за настанот, добив информации дека ‘нападнатите лица‘ на видео снимката не биле само двајца туку биле дваесетина души од село Баница. Истите претходно извршиле напад на вработени во казино со дрвја, камења и со ладно оружје“, напиша тој на социјалната мрежа.






