Можеби името Кораима Торес малку значи за поновата генерација, но постарите генерации беа „луди“ по девојчето по име „Касандра“, по кое беа именувани дури и бебиња родени кон крајот на деведесеттите години.
За време на прикажувањето на серијата, во 1997 година, познатата Касандра стана миленик на цела Македонија и со нетрпение чекавме да видиме што ќе се случи во следната епизода.
Венецуелската актерка, која се стекна со светска слава играјќи го ликот на Касандра во истоимената латиноамериканска сапуница, изгледа неверојатно по повеќе од дваесет и четири години од емитувањето на популарната серија!
Кораима Торес воопшто не се шминка и нема потреба затоа што е исклучително убава и без тоа, дури и на 47 години.






