Треба да се спроведе комплетно затворање само за време викенд. Значи еден викенд 24/7 да се затвори општеството. Можеби не на територија на цела држава, туку само на тие подрачјата каде растот на заболени е најголем – вели доктор Даниловски.
Тоа значи буквално само продавниците за храна да работат и аптеките. Тоа може да го запре наглиот раст, оваа брзина на растење на бројките со цел да не дојде до колапс на здравствениот систем. Убеден сум дека бизнисите, угостителите ќе можат да издржат краткотрајно затворање. Сметам дека мерките треба да се дополнат со вакви краткотрајни затворања за време на викенд – појасни епидемиологот Даниловски вчера вечер во Топ тема на Телма телевизија.







