По неколку месечен молк на социјалните мрежи е огласи сега разрешениот гинеколог и директор на струшката болница Мухамед Асани.
Откако јавноста со вознемиреност ја следеше ситуацијата околу случајот на медицинската сестра Веапоска која при царски рез тврди дека сотанала без бубрег, матка и јајник, гинекологот Асани по долго молчење на Фејсбук. Напиша дека совеста му била чиста, но сфатил дека јавноста погрешно е информирана и лошо е сфатен целиот случај. Тој тврди дека одговорно ја извршувал неговата работа, а пациентката која го обвинува, вели дека свореачно се потпишала и согласила за царскиот рез кој и донел постпородилни компликации.
„Во врска со случајот се изнакажаа толку многу нешта што само имагинацијата на некој што по секој случај бара виновник може да ги измисли.Пациентката е примена во болница и направена е предоперативна подготовка по протокол. Беше втор царски рез кај пациентката, и нормално како по секој оперативен зафат,ризикот и можноста за компликации се зголемуваат во секој нареден зафат. На пациентката детално и е објаснета операцијата, ризиците, интра и постоперативните компликаци, истата свесно со своерачен потпис се согласила.“ напиша Асани на Фејсбук.
Родилката Веапоска, пак, вели дека битка не се води на социјалните межи, а во врска со дадената согласност на која што се повикува докторот, претставува рутнска согласност пред добивање анестезија за оперативен зафат, но не и да и бидат остранети органи.
Откако минатата недела Лекарската комора не утврди пропусти, за случајот ќе одлучува пет члена стручна комисија која што ја назначи Министерството за здравство. Директорите од клиниките за урологија, КАРИЛ, гинекологија и на ДСЗИ ќе треба да направат детална анализа, која што пак треба да даде одговор што се случило на операцијата што морало на родилката да и се отстранат дури три органи. Вчера министерот за здравство Венко Филипче донесе одлука да го разреши директорот на струшката болница. Пред месец и половина Државниот санитарен инспекторат затекна и затвори дива ординација во домот на гинекологот Асани. Случајот стигна и до Јавното обвинителство, но информации за евентуална разврска сеуште нема.






