Вкупните приходи од наплата на патарина во првите девет месеци од годинава достигнаа 3.611.645.604 денари, односно околу 58,7 милиони евра.
Само во септември, преку наплатните станици биле инкасирани 401.971.971 денар, додека во летните месеци – кога сообраќајната фрекфенција е највисока – приходите биле значително поголеми: 494.308.025 денари во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни.
Најголеми приходи остварила наплатната станица Романовце, која повторно се покажа како најпрофитабилна, додека најниска наплата е забележана на станицата Кадрифаково.






