Португалските власти пресретнаа подморница во Атлантикот која превезувала повеќе од 1,7 тони кокаин.
Подморницата се движела кон Иберискиот Полуостров, а снимката од акцијата објавена на социјалните мрежи прикажува како полицијата и морнарицата уапсиле четворица членови на екипажот, сите со потекло од Јужна Америка.
Поморскиот аналитички и оперативен центар (MAOC) во Лисабон добил информации дека криминална група планирала испорака на подморницата со кокаин во Европа. Неколку дена подоцна, португалски брод ја лоцирал подморницата околу 1.000 наутички милји од брегот на Лисабон.
Во акцијата учествувале и британската Национална агенција за криминал и американската Управa за контрола на дроги. Поради лошите временски услови, подморницата не можела да се донесе на копно и подоцна потона на отворено море.
🚨Tal como lo advertí
🇻🇪Ahora el cartel de los soles dirige toda su carga hacia europa
🇵🇹Portugal intercepta narcosubmarino con 1,7 toneladas de cocaína y detiene a cuatro tipulantes venezolanos
— YO SOY 🇻🇪🇺🇸✈️ (@ElGanadorHenry) November 4, 2025






