На работната маса на белорускиот претседател Лукашенко се појави модел на најновиот руски балистички систем „Орешник“ (RS-26), балистичка ракета со среден дострел под 5.500 километри.
Системот ќе биде распореден во Белорусија до крајот на 2025 година, како дел од зајакнување на воената соработка меѓу Москва и Минск и потенцијално менување на безбедносната рамнотежа во Источна Европа.
„Орешник“ веќе бил тестирано во реални борбени услови во ноември 2024 година во нападот врз украинскиот град Дњепро.
Неговото стационирање во Белорусија значително го проширува досегот на руските стратешки сили, потенцијално достигнувајќи до речиси секој дел од Европа, создавајќи психолошки притисок врз Западот.






