Драганчо Саботковски, актуелен градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ја прогласи победата на локалните избори во општина Могила. Тој изрази благодарност кон граѓаните за укажаната доверба и ја оцени победата како триумф на вербата, упорноста и љубовта кон општината.
„Ви благодарам од срце, драги сограѓани, за укажаната доверба да бидам ваш градоначалник. Благодарам на секој што излезе, оваа победа е и ваша — победа на народот и на вистинските вредности“, напиша Саботковски.
Тој ги покани граѓаните на вечерна прослава пред општинската зграда и нагласи дека неговата цел е „да ја направиме Могила поубава, поразвиена и подобра за живеење“.
Саботковски најави продолжување на работата со зголемена енергија и посветеност, со слоганот: „Од народот, за народот“.







