Орбан ќе побара од Трамп ослободување од санкциите против Русија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, најави дека на средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Вашингтон ќе се обиде да го убеди американскиот лидер за потребата од бројни ослободувања од американските санкции кон рускиот енергетски сектор.
Орбан за радиостаницата „Кошут“ изјави дека ќе објасни дека Унгарија има потреба од такви изземувања за да ја одржи енергетската безбедност. „Унгарија е копнена земја и нема директна врска со морето, па е принудена да се потпира на гасоводи за добивање на нафта и гас“, нагласи Орбан.
Тој додаде дека САД треба да бидат свесни за предизвиците со кои се соочува Унгарија и дека тоа мора да се документира за да се добие изземување од американските санкции против Русија.






