Администрацијата на Доналд Трамп ја изненади Европа, најавувајќи потенцијално намалување на американските сили во Источна Европа, почнувајќи со ротирачка бригада во Романија следниот месец, пишува Kiev Post.
Според извори, ова намалување во Романија е само првата фаза, а понатамошни намалувања се очекуваат во Бугарија, Унгарија и Словачка веќе среде декември. И покрај тоа, бројот на американски војници во Полска и балтичките земји ќе остане непроменет.
Ова предизвика загриженост меѓу дипломатите на НАТО, кои се обидуваат да оценат како ќе влијае на одвраќањето долж најранливата граница на алијансата.
Две западни официјални лица наведуваат дека намалувањето е скромно, делумно затоа што европските копнени армии се подобро подготвени отколку претходните години.
Дипломатот Даниел Фрид, поранешен помошник државен секретар, истакнува дека видливото намалување на американските сили „праќа погрешен сигнал до Путин“ во време на руската агресија кон Украина и НАТО. Сепак, тој нагласува дека бројките се симболични и нема да го променат воениот баланс.
Одлуката е опишана како „бирократски компромис“ и сигнал за оние во администрацијата кои поддржуваат поголеми намалувања. Фрид додава дека во Трамповиот свет „ништо не е конечено“ и дека секогаш постои можност за промена на курсот.
Намалувањата се симболични, не стратешко повлекување, но сигналот до сојузниците и Русија е негативен.







